ДВОЛИЧНА РУСИЈА: Лавров со директен напад врз МПЦ – ОА

Изјави, РЕЛИГИЈА

Рускиот министер за надворешни радоботи, Сергеј Лавров ги потопи сите надежи на русљубците во Македонија за каква било помош на Руската црква во македонското црковно прашање.

Лавров многу прецизно откри каква е и која може да биде улогата на Руската православна црква, а воедно и што е суштината на црковниот спор. За шефот на руската дипломатија, најважно е што Руската и Српската црква демонстрираат единство во искушенијата што ги имале во Македонија, Црна Гора и Украина.

Соработката помеѓу Русија и Србија ја симболизира духовната, културната блискост на нашите граѓани, на нашите цркви. Сметам дека е особено важно да го демонстрирам таквото единство во период кога Руската православна црква и Српската православна црква минуваат искушение на издржливост. Сите ние гледаме како Црквата се обидува да се вклучи во политички игри, било тоа во Украина, во Црна Гора или во Македонија.

Но православната вера секогаш се одликувала со тоа што таа давала доверба на тоа што го прават нашите парохијани, нашите граѓани. Убеден сум дека и овие растрчани времиња нашите цркви ќе ги надминат со достоинство, како што секогаш станувало со православните, порача Лавров.

Оваа изјава на рускиот шеф на дипломатијата, не само што е патосирање на русољубците во Македонија, воедно ја откртива и лицемерната улога на Црковна Москва, а најмногу го посочува и политичкото влијание под кое се наоѓа Руската Православна Црква, како дел од државната геополитичка позиција на Русија.