ТРАГЕДИЈА на ВЕЛИГДЕН: Откриена нова масовна гробница со 20.000 цивили

Европа

Светот го потресе нова вест, токму за време на православен Велигден. Веста доаѓа од јужна Украина, каде стигнаа меѓународни хуманитарни конвои и дознаа за големата трагедија.

Откриена е нова масовна гробница во близина на Мариупол, градот херој, градот на Азовското Море, кој сеуште не се предава на путиновите злосторнички орди. Димензиите на гробницата се 45 х 25 метри, што е до сега невидено во историјата.

Според градоначалникот на Мариупол, локалните жители загинати од воздушни напади и артилериско гранатирање, а биле закопани на местото на гробницата откако по 20 март започнале жестоките борби.

Градоначалникот Вадим Бојченко известува дека според првичните податоци, во градот загинале над 20 илјади локалните жители, од кои повеќе од половина жени и деца.

Тука биле затрупани и телата на стотици деца, кои Путин ги уби само со една ракета во Театарот на Мариупол, каде беа засолнети и јасно беше истакнато дека е скривалиште на деца.

Сите се масовно затрупувани во таа гробница со помош на механизација, бидејќи немало друг начин како да се погребаат толку многу луѓе, кои умреле само за неколку денови.