СРАМОТА: РУСИЈА одби да прогласи прекин на огнот за ВЕЛИГДЕН

Европа, РЕЛИГИЈА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа потврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека се уште има надеж за мир.

„За жал, Русија го отфрли предлогот да се воспостави примирје за Велигден. Ова многу добро покажува како лидерите на оваа земја всушност се однесуваат кон христијанската вера и еден од најсреќните и најважните празници. Но, ние ја задржуваме надежта. Надеж за мир, надеж дека животот ќе ја победи смртта“, истакна Зеленски во своето обраќање.

„Украинци, Украинки, наши бранители. Денеска е важен ден за Украина, за нашата надворешна политика. Премиерите на Шпанија и Данска, две земји кои постојано ја поддржуваат Украина, дојдоа во Киев“, кажа Зеленски „Им благодариме“, додаде тој.

Тој потоа повтори дека ги повикал сите европски земји да ги заострат санкциите кон Русија.

„Ништо од ова нема да и помогне на Русија да победи во војната против нашата земја. Можат само да го одложам она што е неизбежно, дека напаѓачите ќе мора да ја напуштат нашата земја“, рече украинскиот претседател.

„Мариупол продолжува да дава отпор, без оглед на тоа што велат окупаторите“, дециден е тој. Зеленски ги повика жителите на јужните региони и областите околу Херсон да внимаваат какви информации им даваат на Русите и предупреди дека Русите сакаат да организираат нелегален референдум за одделување на областа.