
ВЛАСТА МОЛЧИ, според пописот во Кичево не смее албанско знаме
Според пописните резултати од Пописот 2021 година, колективните права кои ги уживаа до сега Албанците, треба да бидат укинати по сила на Устав и Закон за употреба на знамиња.
Според одредбите, во Кичево Албанците го изгубија правото за употреба на националното знаме, но власта ништо не презема да спроведе Устав и Закон.
-Необјавувањето на живеалиштата на лицата од дијаспората одигра негативна улога во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во државата. Ова ги загрозува колективните права што ги уживавме досега. Во Кичево процентот на Албанци падна под 50% и тоа ја загрозува употребата на националното знаме. Се манипулира со резултатите од пописот и за тоа сведочат неспорните факти за кои надлежните ќе треба да дадат објаснување, велат од Алијанса за Албанците.
Според тие прописи, право на употреба на национално знаме имаа оние граѓани кои се над 50% во одредена општина. Со оглед на фактот што Албанците според пописот паднале под 50%, тие немаат право на употреба на знамето.
Каде е европската влада на Таче да спроведе закон на европски начин? Непочитување на законите ли е услов за влез во ЕУ?