Додека ОЛИВЕР СЕ ФАЛИ со сообраќајни казни, по улиците БОДАТ СО НОЖЕВИ

Хроника

Додека на Оливер приоритет му се засилените акциски контроли во сообраќајот и никако не заборава да се пофали за изречените казни, по улиците е хаотично и небезбедно.

Вчерашниот ден повторно се пофали со следното соопштение:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

За вчерашниот ден следи и соопштение во кое се известува јавноста за нападнат малолетник и избоден со нож:

Малолетник на 16 години бил физички нападнат и избоден со нож од група млади лица вчера . Настанот се случил  околу 21 часот на улицата „Јане Сандански“. 

-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а  едно малолетно лице било   повредено со остар предметСлужби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.