БУЈАР ПАК СЕ ЗБУНИ, дали е МНР на Македонија или на Албанија?

Балкан

„Албанија има право да го дигне гласот“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за можноста по јуни Македонија да биде раздвоена од заедничкиот пакет на двете земји за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Шефот на македонската дипломатија збунет дали е МНР на Македонија или на Албанија, сепак и натаму е оптимист дека до тогаш ќе дојде до договор со Бугарија и дека ќе биде тргната блокадата.

– Одлуката за раздвојување не е ниту на Албанија ниту на Македонија, тоа е одлука на земјите-членки на ЕУ за тоа дали Албанија ќе ги започне преговорите во јуни. Но тоа не е од интерес на Албанија, затоа што овие состојби се циклични. Некогаш ние ја влечеме Албанија, некогаш Албанија не влече нас.

Албанија има право да го дигне гласот, но сум свесен дека го дели мислењето дека долгорочно тоа не е и одговара, а и земји членки тврдат дека тоа ќе ја наруши регионалната динамика, рече Османи како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Министерот смета дека нема да има потреба од раздвојување доколку до јуни дојде до некаков договор со Бугарија.

– Прашањето за Албанија ќе се актуелизира од јуни, доколку ние не ги започнеме преговорите. Албанија секако ќе го засили лобирањето. Затоа сметам дека треба да сме фокусирани да не дојде до тоа ова прашање да се актуелизира, изјави Османи.

После посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во саботата во Битола, тој рече дека имало и официјална владина средба, покрај неговата приватна посета на бугарскиот културен центар таму.

– Со премиерот Петков договараме и официјална средба, без присуство на Ковачевски, кој наводно поради здравствени проблеми, а всушност поради срамот од Битолчани не беше присутен. Наводно Османи на Петков му го покажал далеководот Битола – Елбасан, а преку кој Бугарија ќе може да извезе струја на европскиот пазар во Албанија.

Што значи дека Бујар повторно се збунил дали во Битола ја претставува Македонија или Албанија. Тој не можеше да ја оцени приватната журка на бугарската делегација со свои ангажмани преку амбасадата со културниот центар во Битола.

Министерот додаде дека какво решение и да се постигне со Бугарија, и двете влади ќе наидат на отпор во своите земји, но дека засега нема никаков документ кој би можел да се сподели со пратениците.

За фамозните коментари на бугарскиот претседател Румен Радев за македонскиот попис, тој рече дека Бугарите во Македонија имаат рамноправен статус.

– Во Македонија нема малцинства, туку етнички заедници по потпишувањето на охридскиот Рамковен договор, рече Османи.