
УМЕТНИЦИТЕ со свои креативи за трагедијата во Украина, погледнете вреди
Уметниците низ светот создаваат креативи со цел да ја пробудат светската јавност за случувањата во Украина.
Овековечени се различни сцени од реални настани или имагинација од раскажаните случувања.
Особено внимание се посветува на страдањето на цивилите во оваа војна.
Злосторствата на окупациските руски орди немаат зборови со кои може да се опишат.
Токму затоа истите се прикажани преку сликовит приказ, кој повеќе говори од илјада зборови.
Покрај херојството на украинските бранители, на уникатен начин е покажано присуството на они кои го изгубиле животот од руските бомби и куршуми.
Свој приказ доби и злосторството врз животните во киевската зоолошка градина.
Разрушените градови и сеќавањето на истите, како изгледале пред да бидат „ослободени“ од руските банди.
Ќе дојде ли крај на ова лудило?
Ќе имаат ли каде да се вратат децата бегалци од Украина?
Оваа е многу тажна приказна и срамна во исто време за целиот свет.