ВОЈНАТА ЌЕ ЗАВРШИ, тој кажа и кога и како!

Свет

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им порачал на европските сојузници дека, според проценките на САД, руската војна во Украина би можела да трае до крајот на оваа година, објави Си-Ен-Ен.

Според американската ТВ мрежа, повикувајќи се на изјавите на двајца неименувани европски функционери, Блинкен рекол дека со своите колеги разговарал за американската загриженост дека војната може да трае подолго.

-Но, целиот негов ангажман се однесува на тоа што е најдобро за војната да заврши што е можно поскоро, рече неименуван претставник на Стејт департментот.

Многу официјални лица претходно истакнаа дека е тешко да се предвиди колку долго би можела да трае војната во Украина, но неколкумина од нив рекоа дека ништо не укажува на тоа дека рускиот претседател Владимир Путин ги променил крајните цели на операцијата.

Тоа значи дека војната ќе заврши до крај на годината, преку промена на плановите на Путин, а тоа се да се повлече од Украина, со оглед на фактот што војната веќе изгубена за Русија. (МИА)