
ДРАМАТИЧНО ОБРАЌАЊЕ на БАЈДЕН со информации за Украина
Американскиот претседател Џое Бајден преку социјалната мрежа Фејзбук извести за најновите планови за Украина.
„Денеска разговарав со претседателот Зеленски и споделив со него дека мојата администрација одобрува дополнителни 800 милиони долари оружје, муниција и друга безбедносна помош за Украина“ – напиша Бајден.
Пред почетокот на новата руска офанзива во Источна Украина, САД подготвуваат нов пакет од воена помош за Киев во вредност од 800 милиони долари, потврдува денес и Блумберг, цитирајќи информирани извори.
Оружјето и другата специјална опрема се очекува да бидат испратени по сила на постоечка програма од Втората светска војна, која му дозволува на претседателот Бајден да префрли опрема и техника од американските резерви без тешка процедура на одобрение од Конгресот со цел да се забрза доставата во време на вонредна состојба.
Досегашната американска воена помош за Украина од почетокот на војната, достигна околу 2,4 милијарди долари, нагласи Блумберг.
Новото зголемување доаѓа како одговор на нова офанзива, која руските сили ја подготвуваат во Источна Украина, откако не успееа да ја превземат северна Украина и Киев и се повлекоа под притисок на украинската офанзива од тие окупирани територии.
Русија стационира војски во сепаратистките енклави Донецк и Луганск, а во исто време продолжува со ракетните и пешадиски напади на азовското пристаниште Мариупол, за да ја осигури врската меѓу Донбас и окупираниот од неа во 2014 г. Кримски полуостров.