ШОКАНТНО ВИДЕО Руски воени сили се движат кон Хелсинки

Европа

Последните денови сѐ повеќе се зборува за можен влез на Финска и на Шведска во НАТО, што станува сѐ поизгледна последица на руската инвазија на Украина.

Поранешниот претседател на Русија и член на Безбедносниот совет на Русија, Дмитри Медведев утринава рече дека, ако тоа се случи, „ќе има последици“.

„Во тој случај повеќе не може да зборуваме за статус на Балтикот како регион без нуклеарно оружје – треба да се врати балансот. До денеска Русија не презеде никакви мерки и не ги ни планираше, рече Медведев.

„Шведска и Финска во тој случај би ги сметале за противници“

Да потсетиме, Медведев е заменик на претседателот на Безбедносниот совет од 2020 година. Порано беше претседател и премиер на Русија и долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путкин.

„Иако влезот на Шведска и на Финска во НАТО не би значела голема промена за Русија, Москва во тој случај ќе ги смета Шведска и Финска за противници и ќе преземе мерки во регионот“, додаде Медведев.

Еден од главните руски приговори кон Украина пред војната беше амбицијата на земјата да влезе во НАТО. Од таа идеја, по сѐ судејќи, Украина не се откажа.

Во меѓувреме се појави шокантно видео, на кое се гледа одромен руски воен конвој, кој пренесува пред се ракетни балистички системи, за движи во правец на Хелсинки и тоа на само 160км од главниот град на Финска.

Видеото може да го погледнете на следен линк:

https://youtube.com/shorts/DIuSkZU1IVI?

Сите се прашуваат дали Путкин полудел и дали свесно го турка светот во трета светска војна.