
СДСМ: ПОЛЕСНО да промениш пол, од колку партија!
СДСМ секој ден прогресира кон се пототалитарна партија од она што беше ВМРО ДПМНЕ. Од многу прогресивци во таа структура, ситуацијата станува трагикомична. Во време кога Владата предложила Закон за матична евиденција со кој се создава право на едно лице да го промени полот (во документите), во СДСМ станува ерес нивни член да може слободно да ги критикува погрешните политики на партискиот врв.
Тој предлог за мажите да може да се регистрираат за жени и обрадно доаѓа од поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ, но и еретичкото прогонување на неистомисленици во партијата доаѓало од неговата тајфа.
Така СДСМ одредбите што ги предлага извршниот орган му овозможуваат на лицето само преку лична карта и изјава заверена на нотар да се произнесе за чувството за својот пол, односно да го промени од машко во женско или обратно, но истиот тој според партиските правила не смее да каже критички збор или да ја напушти партијата.
Извори од пратеничките групи велат дека со измените во овој закон се создаваат можности за изменување и дополнување на Законот за семејство, односно можност да се дозволат истополови бракови, но истите не смеат да се „оженат“ за друга партија. Можете се, дури и најголемите пост либерални глупостии, но не смеете збор против власта.
Дали СДСМ тренира строгочу или се обидува да копира поведение од она на националниот социјалист Адолф Хитлер, како припадник на социјалното крило како СДСМ? Извори од партијата посочуваат дека ваков бандитизам и диктатура никогаш не постоеле во таа партија, за време на ниту еден лидер до сега.