ДАЈ ИМ ПРСТ, ќе побараат цела рака, отиде и Гоце Делчев

Балкан

Мешовитата комисија за историски и образовни прашања заврши со своите разговори во врска со Средниот Век, по забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, изјави за МИА копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев.

Тој додаде дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на претстојните разговори доколу остане време.

Изгледа дојде тоа време, да се шитне и Гоце Делчев. Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера изјави дека Бугарија нема намера да остапи од Рамковната позиција, со која целокупната македонска историја се прогласува за бугарска.

Дали тоа значи дека бугарскиот дел до Историската комисија го известил дека е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите со Скопје и за надминување на разликите, вклучително и Гоце Делчев?

-Комисијата за историја ме извести за некои важни историски личности и нивниот третман. Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин којшто ни отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициски партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај тоа ќе оди многу брзо, рече Петков.  (МИА)