
ЕРМЕНИЈА БАРА ПОМОШ од САД и ЕУ, Путкин ги продаде
Ерменија бара помош од ЕУ и САД бидејќи Русија ги продаде и предаде и покрај ветувањето дека ќе ги принудат азербејџанските трупи да го напуштат регионот Нагорно-Карабах.
Москва само соопштува дека Азербејџан го прекршил договорот со дозволувањето на своите војници да влезат во регионот во близина на селото Фарух, но не смее да му писне на Ердоган кој го мотивира Азербејџан да нападне.
Ерменското Министерство за надворешни работи денеска повика на истрага за акциите на руските мировни сили во текот на упадот и објави две карти со кои покажа дека азербејџанските сили се се уште таму, а Москва се сокрива.
Азербејџан во неделата соопшти дека не ги повлекол своите сили и дека тоа подрачје е негова суверена територија и нема намера да ја слуша посрамотената и поразена Русија.
Азербејџанските трупи во 2020-та година ги протерале етничките ерменски сили од подрачјето кое го контролирале од 1990-та година во Нагорно-Карабах и околу него.
Во овој регион имаше војна, по што двете земји потпишаа договор, а Русија е земја која ќе го гарантира мирот. Сега Русија ги продаде христијаните Ерменци на исламистите Азербејџанци. Путкин го продаде кучата.
Ерменија нема друг избор освен да побара заштита од САД и ЕУ, кои имаат можност да го зауздаат Ердоган и неговите подизведувачи од Азербејџан.
Двете земји долги години имаат проблеми поради спорниот регион Нагорно – Карабах.