ВУЧИЌ му откажа љубов на ПУТИН, за ова го пофалија западните земји

Балкан, Свет

Генералното собрание на ОН гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права. Извештаите за тешки и систематски прекршувања на човековите права од страна на руските војници во Украина беа наведени како причини за протерувањето на Русија.

За протерувањето гласаа 93 земји, 24 беа против, а 58 беа воздржани.

Меѓу оние што гласаа за исфрлање на Русија од Советот за човекови права беше и Србија, која досега главно се воздржуваше од потези против Кремљ.

И сите други бившојугословенски републики гласаа за исфрлање: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.

24 земји беа против исфрлањето на Русија од Советот на ОН. Тоа се: Алжир, Белорусија, Боливија, Бурунди, Централно – африканската Република, Кина, Конго, Куба, Северна Кореја, Еритреја, Етиопија, Габон, Иран, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Русија, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве.