
ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И ДРУГИТЕ ПРИМАТИ ОД ВЛАСТА
ТИЕ НЕНАСИТНИ, А НИЕ СЕ’ ПО-ГЛАДНИ!
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Секој еден кој има „по рапав мозок“ не би останал рамнодушен на скандалозното владеење на моменталната влада во државава.
Можеби си ги заслужуваме, а можеби повторно сме изманипулирани. Не ни е прв пат! Ако е ова првово-значи дека тие се одлика на нас-народот. Ние си ги избираме, наши си се! Тоа би значело дека не постои разлика помеѓу нивните и нашите мозоци. Доколку е ова второво пак, би требало ние-народот да реагираме!
Имено, преку условните и безусловните рефлекси кората на големиот мозок го поврзува организмот со надворешната средина. Активноста на кората овозможува остварување на вишите психички активности (мислење и осознавање) . Таа како центар на вишата нервна активност одговорна е за однесувањето на единката во животната средина .
Обединувањето на функциите на органи и органски системи во организмот се остварува преку активноста на кората на големиот мозок. Во смисла на тоа, човечкиот мозок има многу повеќе клетки од оние на мозокот на другите примати, и покрај тоа имаат поголем капацитет за обработка.
На пример, кај животните максимумот на активноста на овие функции е сведен до инстинкт на храна, преживување и физолошки потреби. Животните покрај овие функции имаат и инстинкт за СИТОСТ, што не е случај со овие примати од власта!
Чудно е тоа што ние-народот повеќепати реагираме како да имаме мозок на други примати. Поточно, не реагираме воопшто или соодветно кога тоа е природно потребно. Уште што треба да направат за да се активира нашата мозочна кора и да почнеме да реагираме соодветно!? За жал, со ваквото поведение тешко е да се прифати дека сме жртви на манипулација, напротив имаме идентични мозочни функции со нив.
Загрижувачки е фактот тоа што успеваат да не „одржуваат“ во оваа состојба со тоа што тие се НЕНАСИТНИ, а ние СЕ’ ПО-ГЛАДНИ!