ОФИЦИЈАЛНО: Бајден забрани влез на лица кои работат против Договорот од Преспа!

Политика, Свет
Белата куќа објави Извршна наредба на претседателот Бајден за „Блокирање на имотот и забрана за влез во САД на одредени лица кои придонесуваат за дестабилизирачката состојба на Западен Балкан“, од 8 јуни.

Ниту едно лице не е именувано во текстот објавен од Белата куќа, објавен на 8 јуни. Во текстот се утврдени условите за блокирање на имотот и суспендирање на влез за лица во САД.

Според текстот, секое лице утврдено од страна на секретарот за финансии, во консултација со државниот секретар, одговорно за загрозување на мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан, како и поткопувањето на демократските процеси или институции на Западен Балкан ќе биде предмет на имплементација на Извршната наредба.

Понатаму, кршење или попречување на кој било регионален мировен договор, вклучително и Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Дејтонскиот договор или заклучоците на Конференцискиот совет за спроведување на мирот одржан во Лондон во декември 1995 година спаѓа во делокругот на Извршната наредба.

Извршната наредба вклучува секое лице оценето како одговорно или соучесник во, или директно или индиректно инволвирано во:

  • сериозно кршење на човековите права
  • корупција поврзана со Влада од Западен Балкан

Извршната наредба исто така предвидува лица кои исполнуваат еден од наведените услови „би биле штетни за интересите на САД и влегувањето на такви лица во САД, како имигранти или неимигранти, се прекинува“.

Според текстот, претседателот Бајден открил „дека состојбата на територијата на Западен Балкан, во текот на изминатите две децении, вклучително и поткопување на повоените договори и институции по распадот на поранешна СФР Југославија, како и широко распространетата корупција во различни влади и институции на Западен Балкан, го спречува напредокот кон ефективно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции и со тоа претставува необична и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.

Со оваа Извршна наредба, Бајден го прошири опсегот на национална вонредна состојба прогласена во Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 година. „Блокирање на имотот на лица кои ги загрозуваат меѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан“ – изменет со Извршната наредба 13304 од 28 мај 2003 година (Престанок на вонредни состојби во врска со Југославија и измена на извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 година).