Најголемите пророци: АНТИХРИСТОТ ќе биде од христијанска земја

Европа, Живот, Свет

Нивните предвидувања некогаш се многу црни, но честопати точни. Мнoгу светски познати пророци предвиделе дека една од овиe години ќе започне голема светска војна. Еве што за војните во Украина, војните  со исламистите и колоните бегалци зборувале баба Ванѓа и  Нострадамус.

Вангелија Гуштерова , на Балканот добро позната како баба Ванѓа, предвидела дека по 2010 та година ќе почне уште една голема светска војна. Таа претскажала дека војната прво ќе започне во земји каде што народот ќе војува меѓу себе (нешто што веќе се случува во Украина и во неколку земји на Блискиот Исток), а потоа ќе се прошири низ целиот свет.

Таа предвидувала дека до 2022 та година ќе започне уништување на христијаните , а пак до 2043 година на Стариот континент ќе владеат муслиманите благодарение на влијанието на лажниот пророк на христијаните или АНТИХРИСТОТ  како што го нарекувала таа. Лажниот  пророк  го опишува како водач на голема христијанска држава која  се простира на огромни пространства од  Источна Европа.

Го опишува како измамник и симулатор, кој во повеќето случаи се претставува како добар човек на кого многумина ќе му поверуваат и слепо ќе го поддржуваат во уништувањето на христијаните.

Ова претскажување од Баба Ванѓа потсетува и на Библијта (Матеј 24:24 : …зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните…)

Нострадамус – Од Христијанска држава ќе се роди  ТРЕТИОТ АНТИХРИСТ

Нострадамус дури и го предвидува доаѓањето на третиот антихрист, по двајцата Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер. Тој предвидел дека неговата појава на светската сцена ќе значи крај на светот каков што го познаваме. Дали третиот антихрист е Владимир Путин како што многумина тоа го толкуваат, конкретен одговор никој не може да даде но може да се препознае.

Нострадамус претскажал дека третиот антихрист ќе биде откриен откако ќе започе да војува и да убива христијани  и ќе се  збратими со муслиманите кои ќе му помогнат во тоа.

Најпознатиот светски пророк претскажувал дека многумина ќе му веруваат, а од тоа ќе зависи судбината на планетата и човештвото воопшто.

Тој предвидел дека АНТИХРИСТОТ ќе биде откриен и нема да успее во своите намери. Неговата моќ  ќе заврши во 2025 година.