НАЈНОВИ ВЕСТИ: Сообраќајна несреќа кај Соборен Храм

СКОПЈЕ

Пред малку се случи сообраќајна несреќа кај Соборен Храм, во која учествуваше цивилно возило кое не сакаше да и да де предност на возило на ИТНА медицинска помош.

Во возило за Итна помош се пренесува болно лице на кое му е потребна хоспитализација. Возилото остана на средина на раскрсницата, а болното лице кое се пренесуваше со Итната служба не се знае во која состојба, не е пренесено до болница.

Возилото на Итната медицинска служба е сериозно оштетено, со скршена предна осовина. Возилото не е во употребна состојба.