
Хакерски напад на банкарски сметки во Македонија ?
Вистински шок овие денови доживуваат десетици лица кои се членови на позната македонска банка откако нивното салдо го испразниле хакери.
Последниот ваков случај го доживеал и 33 годишен скопјанец кој вчера сакајќи да подигне пари од банкомат на истиот му пишувало дека не може да се подигне сума , бидејќи веќе е направена трансакција од 30 илјади денари.
Во банката ми кажаа дека во неделата од банкомат во Штип од мојата картичка биле подигнати 30 илјади денари иако јас сум од Скопје и за време на викендот бев дома, ниту ја имав дадено на некого мојата картичка која ми е во паричникот. Од службите таму ми кажаа дека не си единствен и дека парите целосно ќе ми бидат вратени во наредните неколку дена, раскажува тој за агонијата која ја поминал.
Се работи на случајот.
Превземено.