ЖАЛНА РУСИЈА остана со оружје од 1945 во Украина

Европа

Руската армија, која претрпи огромни загуби на воена техника и човечки ресурси во воената окупација на Украина, остана со залихи на оружје произведено во 1945 година за време на Втора светска војна.

На улиците на окупираните населени места се појави советско оружје од типот “Максим”, произведено во 1945 година. Тоа активно се користело за време војните во 19ти и 20ти век, а последен пат се користело “Максима” од армијата на СССР во 1969 година за време пограничниот конфликт со КНР на островот Даманск.

Украинците, но и светот, започнаа сериозен мајтап со јаката армија на Путин, вооружена со оружје од пред 100 години. Поголем срам е што истото оружје се транспортира со мотокултиватор за земјоделска примена, битно со испишано Z на истиот.

Овој уметнички израз на Украинците од последната слика го изразува очекувањето кои Путин може да го постигне со вака моќно оружје.