
ШОЛЦ: Проширување на ЕУ ВЕДНАШ, БОГОЈЕСКИ што подразбирате под тоа?
Германскиот канцелар го повика Брисел да даде зелено светло за членство на Македонија и Албанија во блокот што е можно побрзо – стравувајќи дека руското влијанието врз некои нации може да се зголеми.
Олаф Шолц тврди дека „секое натамошно одложување го прави Западен Балкан поранлив на влијание од трета страна. ЕУ мора да продолжи со институционалните реформи за да се направи способна за проширување. Со ова тој признава дека проблемот не е во Бугарија, туку во неспособноста на ЕУ да се проширува и да ги контролира своите земји членки.
Богојески коментира дека е можно брзо решение со Бугарија, само недостасува еден детал од мозаикот на тоа решение. Тој детал е што подразбираме под „процес на европеизација на Македонија“?
Ние Македонците подразбираме подобрување на квалитетот на животот, воспоставување на правна држава и пазарна економија, слободна трговија и многу, многу инвестиции во земјава. Македонците воопшто не помислуваат на било какви идеолошки трансформации на Македонија, на минатото и комунистичките служби, идентитетски прашања и сл.
Но Бугарите под тој процес на „европеизација“, подразбираа „ребугаризација“ на Македонија. Тие очекуваат Македонците во тие 10 години преговори за членство во ЕУ да направиме ревизија на историјата, да се вратиме на некакви „бугарски корени“, да отвараме мрачно минато и тајни досиеа, да исправаме „криви дрини“ кои е невозможно да се исправат.
Токму затоа е важно кој ќе биде компромисот со упорното барање за влез на Бугари во Устав на Македонија. Дали тоа да биде веднаш во прва половина на 2022 година или на крај на преговорите со ЕУ кај 2032 година?
Бугарија инсистира тоа да се случи веднаш, бидејќи така се надева дека ќе го отпочне процесот на „европеизација“ на Македонија, под кој подразбира „ребугаризација“. Ако не се задоволни како оди таа „ребугаризација“ следните три – четири години, Бугарија повторно ќе ни стави вето и никогаш нема да влеземе во ЕУ, само ќе си отвориме рани во македонското општество, да се мразат брат со брат, татко и син, смета Богојески.
Македонија инсистира прво да завршат преговори со ЕУ, па потоа Бугари во Устав, со идеја дека после влез во ЕУ нема да има никаков ефект таа „ребугаризација“, а и самата Бугарија ќе крене раце од таа намера. Особено деновите, откако ќе се знае дека на Пописот 2021 година во Македонија има околу 3000 Бугари, кои се небитни дали ќе ги има во Уставот или не.
Решението е едноставно, изјавува Богојески. И да попуштиме да внесеме такви 3000 „Бугари“ во Устав, кои според мене не постојат и има само бугарски Македонци, граѓани на Македонија, сепак треба да се реши проблемот, што подразбираме под тоа „европеизација“ на Македонија.
Ако Бугарија даде гаранции дека сонот за „ребугаризација“ на Македонија е засекогаш напуштен од нивна страна, дека исто подразбираме под терминот „европеизација“, а тоа е модернизација на македонското општество и подобрување на квалитет на живот, ако ЕУ направи механизам да не може Бугарија веќе никогаш во иднина да стави вето за влез на Македонија во Унијата, тогаш имаме решение и ајде да го спроведиме.
Во спротивно, немаме потреба воопшто да разговараме, бидејќи бугарското тврдоглаво притискање врз Македонија не враќа во прегратките на Србија, што е природен процес, а после тоа ние и онака никогаш нема да влеземе во ЕУ, токму поради тоа што подразбираме под терминот „европеизацијата“.
Ако за ова имаме решение, ајде да си подадеме рака, а САД и ЕУ да бидат гаранти, но не на зборови како за Преспа, туку со конкретни механизми за контрола на ситуацијата во случај да сака Бугарија повторно да менува стратегии кон Македонија, заврши Богојески.