ЕРДОГАН го насанка ПУТИН да војува во Украина, за да ја окупира Ерменија

Свет

Рускиот претседател Путин, започна војна со христијанска Украина, ангажирајќи илјадници исламистички радикали на платен список на Русија. Со тоа ги зголеми апетитите на сите муслимански земји во регионот на Кавказот, особено после признавање на клучната улога на турскиот претседател Ердоган за состојбите во Украина.

Турција мудро го поддржа тој меѓу-христијански судир, од една страна давајќи наводна „поддршка“ на Путин, а од друга страна доставувајќи огромни количества на оружје на Украина. Најголемите количини на помош во оружје за украинската армија се испорачани преку Турција, а во исто време Турција изјавува дека не поддржува санкции за Русија, со што си играат мајтап со Путин.

Идиотот Путин започна војна со христијаните, ослабувајќи ги нивните позиции, а силно ги поддржа исламистите кои наводно ќе војувале во негов интерес. Но сметката брзо пристигна. Поради војната во Украина, зафатеноста на руската армија да војува против христијанска земја, контролата во регионот на Кавказот остана на најниско можно ниво.

Тоа ги отвори можностите за Азербејџан со поддршка од Ердоган да извршат нова инвазија врз христијанска Ерменија и да го продолжат етничкото чистење на Ерменците од вековните ерменски територии. Сега Путин седна во скутот на Ердоган, доколку сака наводна поддршка за Украина, мора да молчи за окупацијата на Ерменија, која е интензивна последниве денови.

Азербејџанската армија, со силна турска логистика изврши инвазија врз Ерменија. Ерменија бара од Русија да ги принудат азербејџанските трупи да го напуштат регионот Нагорно-Карабах, согласно договорот од пред една година, кога Русија стана гарант за воспоставување на мирот во тој регион и испрати наводно руски мировни трупи.

Тие руски мировници по започнување на војната во Украина исчезнаа од Ерменија, а Ердоган доби прекрасна можност, додека христијаните војуваат помеѓу себе, да ја заврши акцијата започната пред две години и засекогаш да го уништи христијанското население помеѓу Турција и Азербејџан.

Москва во саботата објави дека Азербејџан го прекршил договорот со дозволувањето на своите војници да влезат во регионот во близина на селото Фарух, но дека војниците се повлечени до неделата. Тоа е лажна претстава за најновата окупација врз ерменска територија, бидејќи Путин се плаши да влезе во конфликт со Ердоган и мора да премолчи такво однесување, во име на некакво измислено руско – турско пријателство.

Ерменското Министерство за надворешни работи денеска повика на истрага за акциите на руските мировни сили во текот на упадот и објави две карти со кои покажа дека азербејџанските сили се се уште таму. Де факто докаажаа дека Русија го дозволила тој упад и најнова окупација врз Ерменија, за која Путин тврдеше дека дава гаранции и нема да дозволи ново етничко чистење на христијаните од регионот.

Азербејџан во неделата соопшти дека не ги повлекол своите сили и дека тоа подрачје е негова суверена територија. Со тоа дирекно ја демантираа Русија, отворено кажувајќи дека Путин лаже, тие веќе окупирале дел од Ерменија и немаат намера да се повлечат.

Со други зборови, Ердоган не ги почитува гаранциите на Путин и започна освојувачки поход на Кавказот. Путин е буквално немоќен да гарантира за руска територија, а не за ерменска.

Азербејџанските трупи во 2020-та година ги протераа етничките ерменски сили од подрачјето кое го контролирале од 1990-та година во Нагорно-Карабах и околу него. Во овој регион имаше војна, по што двете земји потпишаа договор, а Русија е земјата која ќе го гарантираше мирот. Русија денес, поради Путин не може да гарантира мир во Москва, а не во Нагорно – Карабах.