ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Опколени руските трупи, Украина во офанзива

Европа

Според непотврдени информации од теренот, пренесени до репортерите на западните и руските информативни агенции, украинските војници во текот на вчерашните и ноќни борби успеале целосно да ги опколат руските војници во областа Буча, Ирпин и Хостомел (во близина на Киев).

Руските трупи сега се без никаква можност за прилив на логистичка поддршка и се работи само за часови пред да се предадат, заедно со целокупната опрема и вооружување. Доколку информациите се покажат точни, ова ќе биде најголемиот пораз на руската армија досега, од почетокот на инвазијата.

Инаку, во областа беа стационирани 31-та гардиска воздушнодесантна бригада (4 тактички падобрански единици) и 2 тактички баталјони на 45-та бригада за специјални операции на руската армија, потпомогнати од артилериско и ракетно оружје на 58-та комбинирана армија.

Во текот на ноќта имало директни борбени операции, неутрализирани се повеќе руски војници од очекуваното. Голем дел од нив се предаваат на Украинците.

Овие специјални единици на руската армија, потпомогнати со тешки проектили и артилерија, требаше да бидат главната ударна сила на руската армија, која од тој правец требаше да влезе во Киев и за неколку дена да го освои. Сега се случи обратно, украинската армија ја зароби ударната воена сила на Русија.