(ВИДЕА) РУСКА САЛАТА од убиени генерали, полковници, војници

Европа

Украински официјални лица известуваат дека уште двајца руски генерали – команданти биле убиени за време на борбите, што значи дека, според нив, убиени се пет руски генерали од почетокот на инвазијата.

Генералот Олег Митјаев од руската 150-тата моторизирана дивизија и членовите на неговата единица беа убиени од украинските сили во близина на Мариупол минатата недела, велат Украинците.

Оваа вест ја потврди и руската страна, од каде истакнаа дека Митјаев загинал обидувајќи се да даде пример пред војниците како се бори.

Тој беше командант на руските славни Спезнац, елитни специјални единици на руската армија, која беше десеткувана во специјална акција на украинските специјалци во предградијата на Харков.

Покрај убиството на Митјаев, Украинците велат дека нивните сили го убиле и заменик-командантот на руската Црноморска флота, Андриј Палиј.

Палиј е роден во Киев и во 1993 година одбил да положи заклетва на украинската војска. Наместо тоа, тој служел во руската северна флота.

Покрај нив, во украина се убиени и други генерали, полковници и команданти на десетици девизии и армии, кои останаа десеткувани на украинските боишта.

Украинските медиуми објавија вознемирувачко видео на кое се прикажани конвои со телата на убиените руски војници во Украина, кои Белорусите ги враќаат во Русија.

Белоруските медиуми и каналот Телеграм со денови пишуваат дека многу ранети руски војници се префрлени во Белорусија, каде што им е укажана прва помош, а потоа се транспортирани понатаму во Русија.

Сведоците тврдат дека ранетите руски војници се во Гомел, Мосир и уште еден белоруски град и дека ранетите често се носат „без раце, нозе, уши или очи“, пишуваат агенциите.

Медиумите објавија видео на кое се гледа како возила на воената амбуланта поминуваат низ белорускиот град Гомел, кој граничи со Украина.

 

 

Од медицинскиот персонал од Гомел изјавуваат дека нивните мртовечници се полни. Тие тврдат дека 2.500 тела се испратени во Русија од 13 март и дека телата се преместуваат со воз и авиони во ноќта.

„Патниците на железничката станица во Мосир беа шокирани од бројот на телата натоварени во возот. Откако луѓето почнале да го снимаат видеото, војската ги уапсила и им наредила да ја избришат снимката“, изјавил еден жител на Мосир.

 

Ова е премногу жално, пред се за загинатите илјадници руски млади војници на средна возраст од 20 до 22 години, а офицерите во Армијата кои ги испратиле тие деца на кланица, лажејќи ги дека одат во воена вежба, заслужено станаа руска салата.