
НЕОБЈАВЕНИ ВИДЕА: ПСИХО ПУТИН го дочекувале како ослободител, на терен цивилен отпор
Рускиот сатрап Владимир Путин го пофали единството на земјата за време на, како што рече, специјалната операција во Украина, додека одржуваше јавен говор пред стадионот „Лужники“ во Москва.
„Земјата нема видено такво единство долго време“, рече Путин, обраќајќи им се на собраните. Секако сите се смееа, бидејќи лично се сведоци на илјадници притворени демонстранти против неговата лична војна во Украина, кои протестираат пред нивните домови, во нивните улици или плоштади.
Кога Путин го завршуваше својот говор, тој ненадејно беше прекинат, а државната телевизија емитуваше патриотски песни кои претходно во текот на денот ги изведе популарниот руски музичар Олег Газманов. Набргу потоа, со интервенција на тајната полиција, од почеток беше реемитуван говорот на Путин кој траеше околу 5 минути, а рускиот лидер го заврши говорот и ја напушти сцената.
Настанот официјално ја одбележа 8-годишнината од руската окупација на Крим, но многу од говорите се фокусираа на моменталната инвазија на Украина. За време на својот говор, психо Путин се обиде да ги оправда постапките на неговата земја повторувајќи ги тврдењата дека Украина врши геноцид во регионот на Донбас.
„Ова беше навистина геноцид. Сопирањето на тоа беше целта на специјалната операција“, рече Путин, додавајќи дека украинските цивили го слават доаѓањето на руските војници.
Следуваат уникатни и необјавени снимки на кои се гледа како е реално на терен во Украина, во окупираните градови од војските на психо Путин:
Масовни демонтрации низ цела окупирана Украина.
Граѓанскиот отпор не стивнува.
На одредени места, како градовите околу Харков, масовно се симнува руското знаме и се враќа украинското.
Граѓаните буквално со голи раце застануваат пред тенковите.
Плоштадите се секој ден преполни со цивили демонтранти, кои извикуваат заминете надвор од Украина.
Ова е херојски народ.
На многу места руските војници пукаат во демонтрантите, но народот не отстапува.
Дали Путин конечно ќе престане да ја лаже својата домашна руска јавност за вистината во Украина?
Буквално има судири војска со цивили.
Граѓаните се до тој степен храбри и одлучни, што ги преземаат оклопните руски возила.
Отпор има и во градови и на пристапни патишта.
Се блокираат и окупаторските вони полициски сили, кои сакаат да ја преземат контролата врз институциите.
Буквално сам граѓанин против руски тенкови.
Не се плашат, подготвени се сите да умрат, но руско ропство не трпат.
Младите ги користат социјалните мрежи за да ја известат светската јавност за вистинскиот отпор на украинскиот народ.
Сите се на нозе, и старо и младо, никој не прифаќа руски окупатори во своите градови и села.
Дали рускиот окупатор ќе разбере дека не е пожелен на туѓа територија и ќе си замине?
Протестите нема да престанат до конечно ослободување, изјавуваат демонтрантите.
Дали руските орди ќе започнат со масовни убиства за да го скршат граѓанскиот отпор?
Започнаа и со пукање и убивање на цивили, но и тоа не им помага на окупаторите на Путин.
Русија нема решение, освен да лаже дека се ослободители и пречекани со цвеќе во Украина.
На лагата и се кратки нозете, секако еден ден рускиот народ ќе ја дознае вистината.
Украинскиот народ е херојски народ! Пример за сите во светот!
Руските орди продолжија да го гранатираат Киев, а гранатирани беа и сите други градови.