
РУСИЈА МОЛИ (видеа 18+) за дипломатско решение, воено е поразена
Секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Петрушев во телефонски разговор со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ги повика САД да побараат од Украина да постигне дипломатско решение за конфликтот со Русија.
Петрушев го објасни ставот на Русија дека е неприфатливо „одложување на преговарачкиот процес, кој Киев го презема по инструкции однадвор“,се вели во соопштението на Советот, пренесе ТАСС. Молбата на Русија кон Вашингтон искажана од Путин преку Петрушев за да го поддржат американското барање за одржување контакт, доаѓа после целосно поразената руска армија во Украина, која веќе две недели и покрај жестоки бомбардирања, не може да напредне ниту едно метро на фронтовите.
Саливан го предупреди за последиците од „секоја можна руска одлука да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина“, соочени со поразот со конвенционално оружје, соопшти Белата куќа.
Русија на терен претрпува огромни загуби, а до сега изгуби преку 40 проценти од воената техника подготвена за напад врз Украина и преку 18.000 руски војници.
Вашингтон и неговите сојузници ја обвинија Русија дека шири недокажано тврдење дека Украина има програма за биолошко оружје како можен вовед во потенцијално започнување на сопствени биолошки или хемиски напади. Саливан му рекол на Петрушев дека ако Русија е сериозна во однос на дипломатијата, треба да престане да ги напаѓа украинските градови и населби, се вели во соопштението на Белата куќа.
Саливан го повторил спротивставувањето на Соединетите Држави за руската инвазија на Украина и му рекол на Петрушев дека затоа САД ќе се погрижат Русија да ја плати цената, соопшти Белата куќа. Советникот за национална безбедност на САД, исто така, ја спомена посветеноста на САД за зајакнување на источното крило на НАТО, додаде Белата куќа.
Со ова и официјално САД влегуваат во дипломатските преговори помеѓу Украина и Русија, а позициите на Русија се секој ден се послаби по загубите на терен. Во моментов се испорачува најново супер оружје на САД на армијата на Украина, со кое како гулаби ќе се симнуваат руските авиони и хеликоптери, со што Украина ќе добие целосна предност на бојното поле.
Ова е најново вооружување, до сега не употребено на боиштата во светот, а во Украина се очекува да го даде вистинскиот резултат. После ова, доколку Русија употреби хемиско оружје, светот ќе застане во отворена војна со Русија.