На Апасиев повторно „МУ МОНТИРААТ СЛУЧАЈ“!

Македонија

Кога Димче ќе ви каже дека „ќе ве стрела“ вие треба да молчите и да ги подигнете рацете горе! Впрочем, тој нарцисоидно цени дека неговото поведение е секогаш оправдано, а реакциите за истото ги смета како напад врз него! Кога ќе ви каже дека „децата крв ќе ви ги пука“, да се поклоните!

„Правичниот“ Апасиев повторно во судир со законот. Грлато држи говори за тоа што е законито, а што не е но кога е тој и неговата дружина во прашање, тогаш законите не важат! Во тој случај тој е оштетениот или писмениот, а сите други се виновни и неписмени.

Bild

Така и овојпат, оштетениот полициски службеник според Димче не е оштетен, а кога е виновен се води политички монтиран случај за него и неговата дружина. Со други зборови, кога Димче е „фатен“ како го крши законот тоа треба да му биде простено, ако не тогаш сите ги обвинува дека „го мразат“ и му монтираат случаи.

Денес започна судењето против нашиот член на Централен Комитет, Иван Јованоски, кој при одбележувањето на 11 октомври на Могилата на непобедените, упати порака до поранешниот премиер Зоран Заев.

Левица: Дека се работи за уште еден политички монтиран случај против неистомислениците на власта, потврдува тоа што како подносител на барањето за поведување прекршочна постапка се јавува извесен полициски службеник Златко Николоски, кој не е оштетена странка во конкретниот случај.

Бидејќи Иван Јованоски се гони поради „омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата”, а како подносител на барањето за поведување постапка не се јавува поранешниот премиер, одбраната побара и судијката одобри на наредното рочиште како сведок да се јави лицето Зоран Заев.

На денешното рочиште, нашиот член Иван Јованоски, целосно ја отфрли вината за овој случај и потенцира дека зборовите во Записникот не се совпаѓаат со искажаното на конкретниот настан. Тој повтори дека поранешниот премиер, како наводна оштетена странка, не се јавува како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка и истиот малициозно ги користи органите на прогонот за чист политички реваншизам.

Ваквиот монтиран случај уште еднаш го потврдува владеењето преку хибриден режим на поранешниот премиер, кој не собра храброст ниту да се јави како подносител на Барањето за поведување постапка – туку истиот се крие позади непознати полициски службеници и ги злоупотребува државните органи заради свои лични пресметки со неистомисленици!“, велат од Левица.