ЗАБРАНЕТО ВИДЕО на ПУТИН 18+: Како се сокриваат убиени цивили

Европа

Руската пропаганда е пуштена на најјако низ сите светски социјални мрежи, каде има влијание бот центрите на Путин. Таа пропаганда прави монтирани видеа, со кои се обидува да сокрие масакар врз цивили во Украина.

На социјалните мрежи се појави видео со кое сакаше да се покаже дека руските орди не направиле масакар на цивилите во нивните последни напади во Мариопол. На таа снимка се покажува истата локација за која имаше обвинувања од украинска страна дека имало масакар врз недолжни жени и деца и старци, кои чекале во ред да се снабдат со минимална храна за да преживеат.

 

Но во исто време на социјалните мрежи се појави реалното видео од масакрот, на кој се гледа страшна слика. Мајка плаче врз убиено дете, покосени луѓе по земја, десетици убиени недолжни цивили.

 

Сега се поставува прашањето, кој лаже? Путин кој го забрани ова видео, а сепак се проби до јавност или професионалните медиуми кои известуваат од терен, а руската влада ги обвинува за ширење на пропаганда и лажни вести.

Што е тука лажно во ова видео? Дали мртвите се лажни? Убиени жени и деца и старци на кои Путин им се смее!

На следното видео е прикажано закопувањето на убиените во масакрот во масовна гробница, во ров направен од багер. Сите убиени на истото место се погребани заедно.

 

Ова се докажани воени злосторства против човештвото, за кои дебело ќе се одговара. Ова е масовно егзекутирање на народ, букално геноцид во Европа во 21ви век.