ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Кој треба да внимава, а кој ќе биде успешен на деловен план

Хороскоп

Овен 21.3-20.4.

Концентрацијата не ви е најдобра, затоа треба да бидете внимателни при потпишување документи и правење нови деловни планови. Врската со саканата личност е интензивна и задоволувачка. Можни се проблеми со дишењето.

Бик 21.4- 20.5.

Задоволни сте од ситуацијата на работа и размислувате за нов деловен предизвик. Врската со партнерот не е најдобра. Чувствителни сте, лесно се навредувате, бурно реагирате. Препорачливо е да го ограничите внесувањето храна.

Близнаци 21.5.-21.6.

Областа на приватниот бизнис укажува на проблеми. Не ветувајте повеќе отколку што реално можете да направите. Задоволни сте од врската и не сте свесни дека другата страна е доста затворена за вас. Обрнете внимание на органите за дишење.

Рак 22.6-22.7.

Ве чека зголемен обем на работа, сепак, бидејќи сте вредни и добро организирани, правите сè без никакво одлагање. Вие сте многу љубоморни, но се обидувате тоа да не го покажувате отворено. Здравјето е стабилно.

Лав 23.7-22.8.

Многу е важно да бидете фокусирани и внимателно да го анализирате секој документ што треба да го потпишете. Врската со партнерот не е најдобра во смисла дека се карате и лажете едни со други. Обрнете внимание на органите за дишење.

Девица 23.8.-23.9.

Се соочувате со проблеми на работа. И покрај сите напори да ги решите, не успевате. Свесни сте дека брачниот другар не е искрен со вас и затоа се појавува расправија. Коските ви се осетливи.

Вага 24.9.-23.10

Деловните планови што ги правите се засноваат на желби и имагинација. Бидете внимателни ако некој ви понуди соработка, бидејќи може да ве измами. Не се чувствувате добро во љубовната врска, но не знаете што ви недостасува. Организмот е чувствителен.

Шкорпија 24.10-22.11.

Имате проблем со концентрација. Затоа правите грешки што не ги ни забележувате. Емоционалната врска не ви напредува. Причината е што сте нечесни и затворени за партнерот. Можни се повреди.

Стрелец 23.11.-21.12.

Бизнис-ситуацијата е стабилна и работите рутински. Пред вас е ново познанство кое нема да го започнете на вистински начин во смисла дека нема да бидете искрени со другата личност. Обидете се да го ограничите внесувањето храна.

Јарец 22.12.-20.1.

Ве чека динамичен работен ден. Комуникацијата со колегите не е најдобра, а некои состаноци може да се одложат. Вие сте целосно задоволни од врската и не сте свесни дека вашиот партнер не е целосно отворен кон вас. Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Вие сте доста заинтересирани да започнете нов деловен проект. Она што ве загрижува се финансиите. Емоционалната врска минува низ период на криза и е полна со измама, лаги и несогласувања. Постои тенденција за прејадување.

Риби 20.02-20.03

На работа, ситуацијата е редовна. Сè се одвива според планот. Во емотивна смисла, вие сте несигурни и склони кон љубомора. Партнерот е емоционално стабилен, затоа нема потреба да се грижите. Обидете се да се опуштите. Мочниот меур ви е осетлив.