ЛОШИ ВРЕМИЊА: Што се случува во Бугарија, членка на ЕУ?

Балкан

И покрај европскиот стандард, во Бугарија буквално се умира за поевтени продукти. 77-годишен маж почина додека чекал ред да купи масло во супермаркет во Бургас, Бугарија, објавија бугарските медиуми. Кога дошла Брзата помош само констатирала смрт.

„Човекот почина во супермаркетот. Го турнаа и му се слоши. Беше лудница, тој падна, посине и почина. Редот беше огромен“, кажа жена која пазарувала во супермаркетот за бугарската телевизија „Нова“.

Тоа значи Бугарите буквално се убиваат помеѓу себе за храна, во паника од нови поскапувања или недостаток на истата. Дали бугарскиот стандард е толку низок, да Бугарите постапуваат на овој начин?

Редот бил долг околу 300 метри и бил за масло на промоција. Такви редови имало и по другите супермаркети од синџирот.