ДРАМА среде бел ден во Скопје: ВООРУЖЕНИ ЛИЦА ОГРАБИЈА БАНКА

Хроника

Денеска напладне во експозитура на банка во центарот на Скопје вооружени лица одзеле пари од вработените во банка, а едно од лицата пукало.

Грабежот бил причина за засиленото полициско присуство меѓу скопските населби Центар и Капиштец.

„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Оттаму најавуваат повеќе информации за подоцна.