ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА пред прагот, Американците итно ја напуштаат Русија

Свет

После заканите на рускиот претседател Путин дека секоја воена помош, особено подарување на борбени авиони на Украина, ќе доведе до глобална војна со несогледливи последици, американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека земјите – членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина.

Во интервју за CBS News, на прашањето дали Полска, како членка на алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има „зелено светло“ за тоа.

„Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме ако одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ги испратија во Украина“, рече Блинкен.

Во меѓувреме повеќе од 220 НАТО авиони, стратешки се поставија од Балтикот до Црното море, со што целосно го затворија воздушниот простор на Европа за руски цивилни и воени летала.

На истата акција се приклучија пред се Кралското воздухопловство на Британија и Холандското кралско воздухопловство, но од последните денови веќе Канада со сопствената авијација, презема силна иницијатива и е подготвена да ја преземе одговорноста за воздушниот простор над балтичките земји и северен пол.

На овие мерки на НАТО земјите, како одговор на заканите на Путин се обрати американскиот претседател Бајден, дирекно до рускиот народ. Вие не сте наш непријател, изјави Бајден.

Не верувам дека вие Русите сакате крвава, деструктивна војна против Украина, земја и народ со кои споделувате толку длабоки семејни, историски и културни врски“, се наведува во пораката на американскиот претседател Џо Бајден, што на Твитер ја објави Стејт департментот.

Путин од своја страна на овие изјави реагира жестоко, со нов закон за забрана на слободното новинарство, со што ги протера сите западни новинарски агенции од Русија, но и сите трговски брендови и компании исто така ја напуштија земјата.

Економските и трговски санкции кон Русија земаа замав, силно ја погодија руската економија, на што Путин возврати дека тоа е еднакво на прогласување на војна помеѓу Русија и државите кои ги воведоа. Тој од руската влада побара список на земји кои се приклучиле на санкциите, со цел да ги прогласи за официјални непријатели на Русија.

На последните настани и влошување на состојбата со здравјето на Путин, реагираше Стејт департментот со итно предупредување Американците да ја напуштат Русија веднаш, повикувајќи се на новиот закон на земјата со што се криминализира ширењето на наводни „лажни информации“, околу војната во Украина, кои не му одговараат на режимот на Путин, јавија американски медиуми.

Амбасадата на САД во Москва дополнително ги предупреди американските граѓани, да избегнуваат големи собири на јавни места.

На тоа следи одговор од руските власти кои целосно го блокираа пристапот до платформите на социјалните медиуми, а ограничени се и странските вести. Нешто слично на состојбата во Северна Кореја.

Со цел да се спречи судир со нуклеарно оружје, како за време на Студената војна, веќе е воспоставен црвен телефон помеѓу Вашингтон и Москва, со што и официјално нуклеарните арсенали на двете супер сили се ставени во борбена готовност.

Дали на вратата ни тропа Трета светска војна или сепак ќе се најде мировно решение не само на украинската војна, туку и на големите апетити на Русија?