ХЕРОЈСКИ НАРОД: Колку Украинци се вратиле во Украина да се борат со Русите
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска изјави дека 66.224 Украинци се вратиле од странство за да се приклучат во борбата против руската инвазија, јавија британските медиуми.
„Толку многу мажи се вратија од странство до овој момент за да ја бранат својата земја од ордата. Ова се уште 12 борбени и мотивирани бригади! Украинци, ние сме непобедливи“, напиша Резников во објавата на интернет.
Толку херојски народ до сега не е забележан во светската историја. Живеат во странство, а дома се вратија доброволно да се борат за својата земја, во која не живеат со години.