
ШОКАНТНО ВИДЕО: Руска армија УБИВА цивили во Новопсков
Нова снимка објавена на социјалните мрежи покажува најмалку еден човек застрелан за време на протестите против руската армија во малиот град Новопсков во североисточна Украина.
Си-Ен-Ен ја лоцираше и ја потврди автентичноста на видеото.
„Луѓето се обидоа да ги спречат Русите, но тие отворија оган врз невооружени луѓе. Има тројца ранети, тие се во болница“, изјави Сергиј Хајдаи, шеф на регионалната управа на Луганск. CNN не може да ги потврди објавените бројки за жртвите.
На видеото се гледа како толпата шета по улица носејќи украински знамиња и извикува „Украина“. Човекот пред толпата се упати кон војниците пред да одекнат истрели. Тој паднал на земја, очигледно ранет во ногата.
„Сите мора веднаш да ја напуштат областа“, се слуша глас од далечина.
Thіs video of shooting at civilians in Novopskov, Russian soldiers kills peopl in Luhansk region, Ukraine, when they went out to protest. Video from locals.
Появились кадры стрельбы по мирным людям в Новопскове Луганской область, когда они вышли на протест. Видео от местных. pic.twitter.com/fM9kYN7D3O— DanylaDan (@DanylaDan) March 5, 2022
На фотографијата од местото на настанот се гледа како мажот е однесен со раскрвавени нозе, изгледа се работи за истата личност.
Одекнаа неколку спорадични истрели, проследени со рафално оружје додека толпата се растера. Не е јасно дали истрелите биле насочени кон масата или над неа.
Дополнителни видеа од местото на настанот покажуваат дека руската армија испукала предупредувачки истрели пред да пука во човекот.
Едно од видеата, снимено пред да биде погоден демонстрантот, ја покажува толпата како маршира кон руските војници, кои поставија камп на отворен пазар, опкружен со продавници во центарот на градот.
И покрај пукањето, толпата не се помрдна.