(Видео) Русите со бомби во рацете бараа КАПИТУЛАЦИЈА

Европа

Градот Конотоп во североисточна Украина, во регионот Суми недалеку од границата со Русија, беше сцена на тензични настани.

Имено, во градот на преговори дошла делегација од руски војници. На видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи, а чија автентичност беше потврдена од „Њујорк Тајмс“, се гледаат руски војници како држат рачни бомби и ги напуштаат преговорите во кои, според украинската страна, барале градот да се предаде или да биде срамнет со земја. Според NYT, не е јасно кога навистина се случил снимениот настан.

На снимката се гледаат руски војници кои ги следи гневна толпа Украинци кои пак извикуваат „Слава на Украина“ и со пцости им довикуваат на руските војници да го напуштат градот. Русите потоа влегуваат во воено возило и го напуштаат местото.

Се појави уште едно видео на кое градоначалникот на Конотоп, Артем Семеникин им се обраќа на граѓаните на улицата пред зградата на градскиот совет и им кажува дека руски војници му рекле дека ќе го срамнат градот до земја со артилерија доколку тој не се предаде.

Потоа ги праша граѓаните дали сакаат да се борат или да се предадат.

Повеќето од собраните изјавија дека сакаат да се борат. „И јас сум за борба. Но одлуката мора да биде едногласна затоа што ни насочија артилерија“, рече градоначалникот.

На крајот, сепак, бил постигнат еден вид договор, изјави висок претставник на украинската армија. Според договорот со Русите, во Конотоп не се зборува за промена на власта.

„Русите се заинтересирани за редот и законот. Нема да има воени маневри. Украинското знаме останува на место. Договорот за прекин на огнот е на сила, нема да има меѓусебни провокации. Русите ќе останат на своите позиции и нема да го попречуваат минувањето на возила за јавен превоз, достава на храна и хуманитарна помош“, изјави Дмитро Живицки, шеф на воената управа на регионот Суми.