
ВОСТАНИЕ во Русија, еве што му спремаат на Путин
Движењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е политички затвореник и отслужува затворска казна во Русија, ги повика Русите на кампања за граѓанска непослушност во знак на протест против руската инвазија на Украина, пренесува Хина.
– Путин и објави војна на Украина и се обидува да ги натера сите да мислат дека Украина е нападната од Русија, односно од сите нас. Но, тоа не е така, Украина е нападната само од Путин, напишаа соработниците на Навални на нивниот Твитер профил.
– Мораме да покажеме дека не ја поддржуваме војната. Ги повикуваме Русите на граѓанска непослушност. Не молчете, нагласија тие.
Најмалку 413 лица беа уапсени за време на вчерашниот протест во Москва, против војната во Украина, информира организацијата за граѓански права ОВД-Инфо, со што вкупниот број уапсени од почетокот на демонстрациите во четвртокот достигна 6.440.
Путин е лудак, дома уапси 6440 луѓе, а во Украина испрати во смрт 5500 луѓе. Каков ќе му биде крајот на вампирот од Кремељ?
Приближно половина од уапсените, 3.126, се приведени за време на протестите во Москва, додека 2.084 апсења биле регистрирани во Санкт Петербург, соопшти синоќа ОВД-Инфо.