ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Близнаците повеќе да љубат, а не време да губат

Хороскоп

Овен

Првиот ден од март ви носи добро расположение на работа. Ќе бидете полни со енергија и спремни за нови деловни потфати. Имате на ум и некои нови идеи, но не можете да направите сè сами. Обидете се да избегнете поголеми недоразбирања во комуникацијата со саканата личност. Не бидете крути и непопустливи.

Бик

Имате многу нови идеи и планови за иднината, само прашање е колку тие се реално остварливи во моменталните деловни околности. Денес партнерот може да ве извади од такт со откажување на договор во последен момент. Обидете се да се прилагодите на дадените околности. За сè постои причина.

Близнаци

Ќе имате многу деловни обврски. Нема причина да се плашите од обемот на работа, барем кога станува збор за работната енергија. Од вас се очекува подобро да се организирате и да си поставите приоритети во животот. Не дозволувајте работата да ви влијае на љубовниот живот. Најдете време за вашиот партнер.

Рак

Новиот месец ќе го започнете со максимална енергија. Ќе ги совладите сите деловни задачи. Потребна ви е само добра организација. На љубовно поле, денес обидете се да избегнувате разговори на посериозни теми, особено оние поврзани со минатото. Обидете се да се опуштите.

Лав

Пред вас е турбулентен ден. Од една страна некои работи ќе можете да ги спроведете веднаш, но за некои ќе ви биде потребно поголемо трпение. Ќе имате многу работа, побарајте помош од некој ваш соработник. Од друга страна, во сферата на љубовта, сакате се да биде под ваша контрола. Не го нагласувајте премногу тоа за да не предизвикате контра ефект.

Девица

Обидете се да ги подмирите документите и заостанатите долгови од претходниот период. Бидете детални како што сте и нема да има проблеми. Слободните Девици можат да стапат во контакт со личност која ја познаваат долго време и каде веќе има некои љубовни искри.

Вага

Добро темпо и добро ниво на енергија се добри предуслови за успешен работен ден. Ако ви треба помош, можете да сметате на поддршката од една личност со која секојдневно соработувате. Во љубовта некои ситуации брзо се развиваат и станувате се повеќе заинтересирани. Одете напред кон нови љубовни победи.

Скорпија

Сè што ве интересира и кон што се стремите оди со одредено, лесно, но сигурно темпо. Не брзајте, ќе успеете да реализирате сè. Со вашиот шарм и енергијата што ја имате ќе постигнете сè. Но, важно е да бидете фокусирани и на приоритетите, бидејќи би можеле да „залутате“ во многу различни правци.

Стрелец

Астролошките аспекти се поволни за сè она што сте веќе некое време го планирате и успешно ќе го реализирате. Ви треба многу труд за да ги пронајдете и отстраните причините за напнатата ситуација во вашата врска. Разговорот секогаш е најдобро
решение. Кажете си што ви тежи на душа.

Јарец

Коректниот и професионален однос кон деловните обврски ќе биде добра основа за добар и успешен работен ден во новиот месец. Сè е под контрола кога е љубовта во прашање, па и да дојде до најмало недоразбирање, успешно ќе го надминете.

Водолија

Високото ниво на работна енергија и слободната волја треба да се искористат на најдобар можен начин. Од вас се очекува да се справите со сите предизвици без некои поголеми проблеми и евентуално да започнете нови деловни потфати. Нема значајни
промени на вашиот љубовен хоризонт во однос на претходниот ден. Сè ќе биде во ред.

Риби

Многу добар работен ден е пред вас. Ова особено се однесува на физичкиот дел од професионалните обврски, односно работната етика и енергетските ресурси. Слободните Риби можат да стапат во контакт со личност која ја познаваат долго време и каде има некои искри од порано. Ќе уживате во таа комуникација и убава средба.