ДОБРО УТРО со аматерско решение за ЛЕВ ТАХОР

Добро утро

ЛЕВ ТАХОР ВО УСТАВ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Се кренале на протести мислиш единствената грижа и опасност од Леф Тахор им доаѓа! Абре молчевте како заморчиња кога струјата се поскапуваше, гласате како полтрончиња едени исти со години, та од секти господа направивте!

Паради на гордоста ви приредуваат, аплаудирате! За опасноста од терористички напад на ИСИС не зуцнавте, кнедли во грло имавте! Живи луѓе изгореа од некадарност на властите, око не ви трепна.

Дозволивте една фрустрирана „горда дама“ образованието да го упропасти, каде бевте?! Во моментов животот ви поминува низ економска, здравствена и енергетска криза вие сериозно  за ЛЕФ ТАХОР протестирате? Па да, секогаш протестирате кога не ви се дадени поинакви насоки….да ви пуштеа по медиуми збор-два во суперлатив за луѓево, ќе се потепавте да ги вдомите.

А да си ги ставиме ЛЕВ ТАХОР во Устав!? И онака е планирано ново отварање на македонскиот Устав со цел вметнување во истиот на Бугарската заедница. И онака си го отвараме еднаш годишно за пиши-бриши, па да си ги „запишеме“ и овие јадни луѓе. Секако опасност не постои. Ниту имаат проблем со нашиот идентитет, ниту со името на државата. За јазикот воопшто не се заинтересирани.

Не бараат посебни права кои би наштетиле на останатите, а  за територијални претензии не се мотивирани. Нели треба да ги почитуваме различностите? Каде се добронамерните здруженија да ги заштитат „различниве“? Милионски суми поминаа низ рацете на  носителите на така наречените  проекти за почитување на различностите во државава. Нели сме отворено општество?! Едно општество за сите! А тука, нема што нема, нели?!

Па слушнле луѓето и си дошле на вистинското место. Поотворено од нашево, амин! Како „се отворивме“ така и апетитите им се отворија на сите околу нас. Едни ни го побараа името, други јазикот, а луѓево ништо не ни бараат, дури чудно! Единствено бараат спокој и нивните деца да не посетуваат настава бидејќи не го обожавале Дарвин. Не се согласуваат со теоријата дека настанале од мајмун, притоа не сакаат да ги именуваат како  родител 1 и родител 2!  И тоа да ти било СЕКТА  по македонски „стандарди“.