ВАЖНО: Украина симна нов воен руски авион Ан-26

Европа

Авион Ан-26 беше погоден и се урна во обид да навлезе на украински воздушен простор преку регионот Воронеж за време на планираниот лет за транспорт на воен материјал, а неговиот екипаж загина, соопшти прес-службата на Западниот воен округ на Русија.

Авион Ан-26 на руските воздухопловни сили е срушен на украинската граница во регионот Воронеж за време на планираниот лет за транспорт на воен материјал. Екипажот е убиен“, се вели во соопштението.

Според првите информации, украинската армија го погодила при обидот да достави воен материјал и муниција на окупаторските сили на Русија на терен во Украина.