
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА во Украина, ќе се борат до последен
Украинскиот парламент на барање на претседателот на земјата, Володимир Зеленски, одобри вонредна состојба.
Усвоен е предлогот на претседателот Зеленски за воведување вонредна состојба од 24 февруари на полноќ по локално време, во траење од 30 дена.
Ескалацијата на ситуацијата во Донбас започна на 17 февруари. Украинската армија жестоко се брани од нападите на руските болшевички орди од непостоечките Доњецката и Луганската народна република.
Најавена е евакуација на населението кон западот на земјата и општа мобилизација на населението од 18 до 65 години. На барање на претседателот Зеленски се вооружува целокупното цивилно население на Украина.