
Чом: Без Заев не можеме!
Новинарот Александар Чомовски синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 порача дека Македонија има среќа што го најде Зоран Заев.
Тој вели дека без Заев, кој сфатил дека главните стратешки процеси се решаваат во првите две-три години од владеењето. Ќе бевме црна дамка, црна оаза, закопана држава кажа Чом.
„Јас во една друга јавна телевизија реков: Македонија имаше среќа што го најде Зоран Заев. Без таков налудничав политичар, кој сфати дека главните стратешки процеси се решаваат во првите две-три години од владеењето, ние ќе бевме црна дамка, закопана држава.“ – рече Чомовски и додаде:
„Се разбира тоа не е резултат на знаењето и умешноста на Зоран Заев и неговиот плурализам. Кој прилично лежерно му доаѓа до израз. Меѓутоа овој тип на решавање на спорот со Бугарија и Грција допрва ќе се изучува како модел.“