ОФИЦИЈАЛНО САД ја објави инвазијата на Русија врз Украина

Свет

Висок функционер на Белата куќа ја обвини Русија за почеток на инвазијата врз Украина со испраќање војници во сепаратистичките региони Луганск и Доњецк.

Ставот го изнесе заменик-советникот за национална безбедност Џон Финер од администрацијата на Бајден, која со месеци предупредуваше за военото засилување на Русија долж границата со Украина и зголемена агресија во регионот.

„Сметаме дека ова е, да, почеток на инвазија, најновата руска инвазија во Украина“, рече Финер во интервјуто за Си-Ен-Ен, мислејќи на руските трупи кои се движат во т.н. републики контролирани од силите поддржани од Русија.

„Мислам дека „најновата“ е важно да се потенцира“, рече Фајнер. „Инвазијата е инвазија и тоа е она што е во тек, но Русија ја напаѓа Украина од 2014 година“, кога Русија го анектираше полуостровот Крим.

На инсистирање да прецизира за тоа дали дејствијата на Русија се инвазија или едноставно почеток на обновен упад во Украина, Фајнер рече: „Не знам колку можам да бидам појасен. … Ова е почеток на инвазијата“.

„Мислам, повторно, претпоставувам по трет или четврти пат, тоа го нарекувам инвазија“, додаде Фајнер.