КРАЈ за руски гас, американците го преземаат пазарот во Европа

Европа

Германија го запира контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ во светло на упадот на ескалирачката состојба во Украина, рече канцеларот Олаф Шолц.

Подморскиот гасовод, наменет за транспорт на природен гас директно од Русија до северна Германија, е во сопственост на подружница на руската државна компанија Гаспром. Берлин претходно не сакаше да воведе санкции кои би влијаеле на „Северен тек 2“. Со ова Русија падна во изолација и си го затвори пристапот до европскиот пазар на гас.

Но, на прес-конференцијата во вторникот, Шолц рече дека „ситуацијата денес е фундаментално различна и затоа, во светлината на неодамнешните настани, ние исто така мора да ја преоцениме оваа ситуација… Исто така и во однос на Северен тек 2“.

Тој продолжи: „Денес побарав од Министерството за економија да го повлече постоечкиот извештај за анализата на безбедноста на снабдувањето“ доставен до германскиот енергетски регулатор. Во тоа обврзувачко мислење од октомври минатата година беше наведено дека гасоводот не претставува закана за безбедноста на снабдувањето.

„Ова звучи техничко, но тоа е неопходен административен чекор за сега да не може да се изврши сертификација на гасоводот“, додаде тој. „И без оваа потврда, Северен тек 2 не може да стапи во функција“.