(Видео) ПУТИН призна: И ние сакаме во НАТО, кога може Македонија и Црна Гора

Свет

Додека целиот свет ја очекува официјалната одлука на рускиот претаедател Владимир Путин за инвазија врз Украина, тој на различен начин го шокираше светот. Русија сака да влезе во НАТО, а бидејќи не ги примаме, тие се исфрустрирани.

Путин открива дека во далечната 2000-та година отворено му понудил на тогашниот американски претседател, Бил Клинтон, Руската федерација да стане дел од НАТО.

-Му понудив на Клинтон, Русија да биде дел од НАТО. Еден беше одговорот пред мене, а друго правеше Западот на дело, изјави Путин.

Toj oткрива дека откако отворено понудил Русија да стане дел од НАТО, САД и сојузниците помагале на сепаратистите во Кавказот, односно на Чеченците и сите останати народи кои се бореле за независност од Руската Федерација.

Според него на САД во НАТО не им се потребни независни, суверени и силни држави кои можат да носат самостојни одлуки. Тоа доволно говори за фрустрациите на Русија, а особено изјавите што добиле САД со членството на Македонија и Црна Гора во НАТО.

Таа изјава Путин ја даде пред две недели, обидувајќи се да објасни дека Русија нема да нападне вез Украина, а НАТО се ширеле неоправдано кон земји како Македонија и Црна Гора. Лавров го пптенцираше истото. Кога можеме ние во НАТО, може и Русија, само така може да се разбери оваа фрустрација на Путин.

Путин се правда дека и покрај отвореноста на Русија кон Западот, според Путин продолжила агресијата и мешањето во внатрешни работи на Русија. Тој посочува дека во моментов НАТО има насочено крстосувачки проектили кон Русија на само 70 километри од нејзината територија.

Инаку Путин доби гола вода подрршка од светот во неговата одлука да ја признае независноста на сепратистичките региони на Доњетск и Луганск во Украина.