
ДОБРО УТРО со АМАТЕРКАТА и ПЛАГИЈАТОТ НА СДСМ
СДС – МОВСКИ РЕЖИМСКИ ПЛАГИЈАТ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Сегашнава владеачка гарнетура преку начинот на кој се обидува да воведе некаков си систем на правила, преку воведување на некакви си мерки за определен ред и живот, се’ повеќе потсетува на едно друго време во кое пак, самите тие не се чувствуваа комотно. Сведоци сме на низа неправилности во работењето од страна на функционерчиња и квази политичари, кои нарцисоидно се „заиграле“ и умислиле дека тој е вистинскиот начин на практицирање власт.
Администрацијата ја преоптоварија со партиски послушници, а само неколку години претходно, истите тие ги фарбаа административните згради бидејќи се залагаа за департизација. Нетранспарентните и наместени јавни набавки им одат како подмачкани, а во едно друго време држеа пресови и го осудуваа таквиот начин на владеење. Бараа правда и мир, а владеат со апсолутна неправда и закани на секој чекор. МВР беше МВРО за сега да го направат „организациона единица“ на СДСМ.
Ваквата блиска имитација и реперезентација како свое оригинално дело е налик на ПЛАГИЈАТ. Мислејќи дека на истиот начин ќе си обезбедат подолг рок на владеење, на погрешен начин ја присвоија „доктрината“ наречена РЕЖИМ. Прво на авторот му помогнаа да избега од правдата, па потоа му ги откупија „авторските права“.
Шарениве сега се У ВЛАСТА, па им годи РЕЖИМЧЕВО, не им се фарба веќе! Оние кои го препознаваат плагијатот, ги замолчуваат на разно – разни начини, секако по претходниот рецепт зачинет со фразата „секој е еднаков пред законите во државата“.
Но, како и секој плагијат, така и овој ќе заврши неславно. Колку повеќе се откриваат, толку повеќе „се силат“ и прават грешки со кои само го забрзуваат падот кој им следи.