
(Видеа/слики)„ИНВАЗИЈА“ на САД на Источна Европа, колку војска се распредели
Над 40.000 НАТО војници, од кои 12.000 американски војници се во пет источноевропски земји, а од нашата Алијанса најавуваат дополнително испраќање војници во тие земји, вклучително и Македонија, против Русија агресор на Европа!
Американскиот претседател Џо Бајден одобри испраќање на дополнителни 3.000 војници во Полска, додека уште 8.500 се подготвени да бидат испратени во Источна Европа.
Тоа се војници кои се под команда на НАТО или на американската армија, не сметајќи ги домашните војници на тие земји членки на НАТО.
Најброен е американскиот и контингент на НАТО во Полска, каде според американските податоци се стационирани 5.700 американски војници и 1.200 членки на НАТО. Американците почнаа да испраќаат контингент од уште 3.000 војници во Полска, што го потврди и полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.
Најголемиот број од тие 3.000 војници ќе бидат членови на 82. воздушнодесантна дивизија од Форт Брег, од нив 1.700 од специјалните единици.
Следува Литванија со 1.200 војници на НАТО и моментално распоредени 450 Американци. Бројката се зголемува од ден на ден.
Во Естонија и Латвија има 1.200 војници на НАТО, а во Романија 900 Американци. САД почнаа да испраќаат уште 1.000 војници на оклопни механизирани единици во Романија од германскиот град Вилсек.
Освен војници, НАТО има борбени системи во Источна Европа. Така, во Романија постои систем за одбрана од балистички ракети, а една од нив во Полска треба да профункционира оваа година. НАТО има воздушни бази и во Естонија, Литванија и Романија.
Со најавените засилувања, во источна Европа ќе бидат распоредени околу 16.000 војници на НАТО и САД, а доколку пристигнат оние кои се на готовност во САД, ќе ги има повеќе од 24.500.
Да потсетиме, кога НАТО и САД ја започнаа мисијата „Атлантик Рисолв“ во Источна Европа во 2014 година, во неа имало 150 војници, а по неколку години тој број пораснал на 7.000, според американски извори.
НАТО наведува дека повеќето од овие единици се привремено распоредени во Источна Европа. Сепак, американската армија сè уште има околу 70.000 постојано стационирани војници во Европа, од кои речиси половина се во Германија, според американски извори. Во земјата има и два командни центри, еден за Армијата во Штутгарт, а другиот за авијација во воздухопловната база Рамштајн.
А бројот на постојано распоредени американски војници во Европа постојано се зголемува, бидејќи во 2013 година ги имало 63.000.
Покрај копнените и воздушните сили, американската морнарица се приближува и кон Источна Европа, бидејќи Осмата ударна група, предводена од носачот на авиони „Хари С. Труман “се наоѓа во Јадранското Море.
„Хари Труман“ носи 90 авиони, а во својата ударна група има и еден ракетен крстосувач, еден помал носач на авиони кој може да има до 50 авиони, како и пет разурнувачи.
Во исто време низ базите во Источна Европа се распределени преку 150 воени борбени авиони, ловци и бомбардери, ставени во воена готовност.
Првите американски војници кои треба да ги засилат сојузниците на НАТО во Источна Европа во услови на зголемено присуство на руската војска во Белорусија пристигнаа во воена база во југоисточна Полска.
„Како што беше најавено, првите елементи од борбената група на бригадата од 82-та воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави пристигнаа во Полска“, изјави портпаролот на полската војска.
Вашингтон минатата недела соопшти дека ќе испрати речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и во Романија за да ја заштити Источна Европа од потенцијалното прелевање од украинската криза.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби на трети февруари рече дека околу 2.000 американски војници од САД ќе бидат распоредени во Полска и Германија, додека околу 1.000 војници, кои сега се присутни во Германија, ќе бидат преселени во Романија.
„Околу 1.700 војници, главно падобранци од 82-та воздушно-десантна дивизија, ќе се распоредат од Форт Брег, Северна Каролина во Полска „во текот на следните денови“, соопштија извори од американската армија.
Оваа хаотична состојба со бројки на војници е намерно направена, со цел да се сокријат вистинските бројки, кои се далеку повисоки од соопштените. Тоа е сосема разбирливо во военото планирање и заштита на класифицирани информации.
Првите дополнителни американски војници пристигнаа во Германија на четврти февруари. Русија прати повеќе од 100.000 борбено подготвени војници и тешка во Украина, од кои половина се изгубени, што според Соединетите Американски Држави може да биде сигнал за слабоста на руската инвазија.
Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници ги реализираа предупредувањата кон Русија, воведени се строги економски казни за земјата и се доставува повеќе оружје на Украина.