СТАНУВА ДОСАДНО во односите САД – Русија, повторно протерување на дипломати

Свет

Русија го протера заменик амбасадорот на САД во Москва, Барт Горман, соопшти американската амбасада во руската престолнина.

Вашингтон смета дека потегот е неоправдан, бидејќи дипломатот имал тригодишна виза, а неговиот престој во Русија не бил подолго од тој период, истакна амбасадата на САД во Москва, додавајќи дека ќе следи американски одоговор за протерувањето на Горман.

Американската амабасада тврди дека Горман бил замолен да ја напушти Русија. Засега не е позната причината за таквата одлука, но руските медиуми како ТАСС и РИА Новости наведуваат дека Америка размислува за реципрочни мерки.

Горман е американски дипломат кој е специјализиран за безбедност. Претходно работеше како заменик секретар и асистент на директорот за истраги и анализа на закани (ТИА) при Бирото за дипломатска безбедност на САД. Исто така, тој учествувал како советник за безбедност во бројни американски дипломатски мисии ширум светот, вклучувајќи ги Ирак, Јордан, Кина, Казахстан и Ерменија.

Протерувањето на Горман дојде по месец дена, откако Вашингтон им наложи на руските дипломати вработени во амбасадата во Вашингтон да ја напуштат земјата. Американскиот Стејт департмент тогаш истакна дека заминувањето на повеќе од 50 дипломати и нивцните семејства е последица на истекот на нивните визи, потег што Москва тогаш го протолкува како протерување.