БОГОЈЕСКИ до САД, ЕУ, Бугарија и македонската Влада за бугарско прашање

Изјави

Петар Богојески од Македонски Концепт по повод последните настани со преговорите помеѓу Македонија и Бугарија, особено по средбата на премиерот Петков со претседателот на Франција Макрон, сподели кратка и јасна порака на неговата официјална фан страна на Фејзбук.

„САД сака итно отварање преговори на ЕУ со Македонија!

ЕУ сака итно отварање преговори со Македонија!

Бугарија сака итно отварање преговори со Македонија!

Македонија сака итно отварање преговори со ЕУ!

Јас сакам поитно отварање преговори со ЕУ, од сите заедно!

Арно ама, патот по кој сте кинисале тоа да го направите е погрешен!!!

Толку погрешен, што наместо итно отварање, ќе донесе одложено разговарање!!!

Мое беше да Ви кажам како треба, за да завршиме работа веднаш и ЕУ да ја прошириме, ама Вие си знаете!“ – напиша Богојески