КРАЛСКИ КЕЧАП „Касни порасни“, тајната на долговечноста на Елизабета

Забава

Британската кралица Елизабета Втора лансираше сопствен бренд на кечап, објави People.

Кечапот е „совршен за појадок или во секое време од денот“, се вели во слоганот на рекламата. Состојките се одгледуваат во замок во Норфолк, а цената на кечапот е околу 6,7 фунти по пакување.

Кечапот можеме да го увезуваме и во Македонија, а доколку некој го проба во Лондон, да препорача и информира дали станал попаметен со само едно пробување, или мора две дози и плус една бустер доза.

Во Британија се верува дека кралицата е зависна од хамбургери. Сепак, според нејзиниот поранешен готвач Дарен Мекгрејди, таа претпочита плескавица непокриена, јадена со нож и вилушка и послужена без кечап. Не е прецизирано дали претпочита компир со кечап и дали би пробала македонско ќофте.

Претходно, новинарите ги открија тајните на долговечноста на Елизабета Втора. Се наведува дека кралицата редовно вежба и се храни здраво. Затоа потрудете се да не консумирате јаглехидрати како компири и тестенини. Таа особено строго го следи ова правило навечер.