ЌЕ НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ – Ова е причината!

Македонија

Според СДСМ опозицијата е причина поради која платите не се зголемуваат.

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последниот период, последната недела две е чисто лицемерие и фаќање приклучок кон процесите коишто ссе одвуваат во државата. Ако вратиме назад можеме да забележиме дека ВМРО-ДПМНЕ беше и против зголемување на минималната плата со образложение дека тоа ќе значело отпуштање на вработени или останување на луѓето на улица без работа.

Кога видоа дека и со зголемена плата бројот на невработени се намалува во нашата држава, веќе фаќаат приклучок и тие во последниот период ја поддржуваат минималната плата, наводно ја поддржуваат, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој додаде дека во врска со платите на наставниците и стручните соработници во основно и во средно образование тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ уштее еднаш потенцирам дека е чисто лицемерие, чиста дволичност. Една година блокираат Закон во Собрание со кој платите на наставниците и во основно и во средно образование ќе бидат усогласени со порастот на минималната плата.